2011



Четврток, 7 април 2011 година

ПОТПИШАНА ХАШКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ДЕЦАТА

Министерот за јавна администрација и правда на Република Унгарија, г. Тибор Наврасикс, на 6 април оваа година во Хаг, во името на Европската унија ја потпиша Хашката конвенција од 23 ноември 2007 година, за меѓународен надомест на детската поддршка и други форми на семејна поддршка.

Пристапувањето на ЕУ кон Конвенцијата ќе ги охрабри и другите држави, а досега е потпишана од САД, Норвешка, Украина и Буркина Фасо. Европската унија е вклучена во развојот на Конвенцијата уште од самиот почеток, некои од одредбите на Конвенцијата се вградени во Регулативата на Советот бр.4/2009/EC. Откако секоја земја-членка на ЕУ ќе се произјасни, Унијата ќе ја склучи Конвенцијата.

Меѓународната соработка во областа на воспоставување на детската поддршка и одржување на семејството има историја од повеќе од 50 години. Со Конвенцијата, овој вид на соработка се зголемува, се проширува полето на соработката, се поедноставуваат процесите и се зголемува ефикасноста.

Со Конвенцијата, за земјите потписнички ќе се обезбеди поширок опфат на услуги за лицата квалификувани за поддршка, како и обврска за ослободување од трошоци, во случај на надомест за детска поддршка во странство.

Друга новина е тоа што помошта обезбедена од централните органи на земјите потписнички, може да се побара не само од страна на квалификуваните лица, туку и од должниците, доколку се промениле околностите или се оправда намалувањето или прекинувањето на поддршката.

Со цел да се постигне поефикасна соработка, со Конвенцијата се воведуваат задолжителни и препорачани форми на соработка, се предвидува прикажување на важни информации поврзани со случаи на детска поддршка на веб-страницата на Хашката конференција за меѓународно приватно право.

Државите потписнички на Конвенцијата треба да воспостават оперативен централен орган за брза обработка на претставки и ефикасно дејствување за заштита на барателите на детска поддршка. Во Република Унгарија ќе биде одговорен Одделот за судска соработка и меѓународно приватно право при Министерството за јавна администрација и правда.

Click