2011



Среда, 16 февруари 2011 година

Потврдeни приоритетите за енергетската политика на Унгарското претседателство

На 10 февруари годинава во Брисел се одржа Конференција на Европската мрежа на оператори за преносен систем на електрична енергија (ENTSO-E), на која присуствуваа претставници од 34 земји од Европа, со мисија да се промовира интеграцијата на европскиот енергетски пазар и подобрување на преносните мрежи.

Беше дискутирано за потенцијалот на електричната енергија до 2020 година и начините за поврзување на ветерните турбини на Северното Море со европскиот систем за напојување. На конференцијата беше потенцирана важноста од обновливите извори на енергија. Доколку Европската унија се стреми да постигне 80 до 95% намалување на емисиите на јаглероден диоксид до 2050 година, ќе бидат потребни значајни инвестиции за развој на инфраструктурата.

Одлуката на Европскиот совет од состанокот одржан на 4 февруари годинава, за создавање на единствен европски пазар на енергија и за отстранување на надворешната енергетска зависност, ги потврдува приоритетите на Унгарското претседателство со Унијата.

Европската економија ја поттикнува енергетската инфраструктура, а  нејзиниот развој ќе придонесе за создавање на единствени европски пазари на енергија, преку кои на корисниците ќе им се овозможи достапност во снабдувањето со енергија и подобрување на економската и социјалната соработка на земјите.

Министерот за национален развоj, г. Тамаш Фелеги, на Конференцијата истакна дека „за Унгарското претседателство со Унијата овие цели претставуваат приоритет. Европа мора да се справи со четири предизвици во процесот на развивање на енергетската инфраструктура: да се разјасни прашањето за интеграцијата на пазарот, да се надминат пречките за подобрување на преносната мрежа, создавање на услови за развој на координирана европска мрежа и потребата за нови производствени капацитети за задоволување на зголемената побарувачка за енергија".

Click