2011



Вторник, 19 април 2011 година

Шест законски предлози за справување со макроекономскиот дебаланс

Економската и финансиската криза беше причината за потемелно усогласување на економските политики на земјите-членки на ЕУ, со цел подобро справување со слични кризи во иднина. Кај земјите-членки постигнат е договор за обновување на економското управување на ЕУ. Како дел од мерките е изготвување на одредени механизми на Заедницата, заедно со спроведување на буџетски надзор, со цел справување со макроекономскиот дебаланс.

Во септември минатата година, од страна на Европската комисија, поднесен е пакет од шест закони кои имаат за цел основање на економски столб на Економската и Монетарната унија.

Унгарското претседателство со Советот на ЕУ има задача да ги усогласи законските предлози на Комисијата, министерските работни групи и Европскиот парламент. Претседателството треба да спроведе дебата за пакетот од шест предлози кој содржи:

  • регулатива за измена на Регулатива 1466/97/EC;
  • регулатива за измена на Регулатива 1467/97/EC;
  • нова директива за барања на буџетска рамка за земјите-членки;
  • нова регулатива за спречување и корекција на макроекономски дебаланс;
  • регулатива за ефикасно спроведување на буџетски надзор во еврозоната;
  • регулатива за спроведување на мерки за корегирање на прекумерен макроекономски дебаланс во еврозоната.

За усвојување на четири од шесте законски предлози, потребно е да се обезбеди одобрување од надлежното тело за соодлучување, додека во случајот со другите два законски предлози, Советот треба да го консултира Европскиот парламент.

 

Click