Петок, 23 декември 2011 година

Детските играчки најбезбедни во ЕУ

Во овие претпразнични денови, кога засилено се купуваат детски играчки, Европската унија нуди сигурност дека купените играчки во нејзините рамки се најбезбедни во светот. Секоја играчка која се продава во ЕУ, мора да помине низ низа проверки за да се потврди дека е безбедна за децата да си играат со неа.

Пред пласирањето на некоја играчка на пазарот, произведувачите се задолжени да ја идентификуваат потенцијалната опасност преку проценка на безбедноста, како и да обезбедат можност за враќање на секоја играчка до фабриката каде е изработена.

Сите играчки кои се продаваат во земјите од Унијата, треба да ги исполнуваат ЕУ стандардите, кои построго пропишани стапија на сила во јули годинава.


Сабота, 26 ноември 2011 година

Економската криза - најголема закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ

Анкетата на прашањето „Што е најголема закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ?“, покажа дека во најголема мера тоа е економската криза. 34% од европските граѓани сметаат дека економската и финансиската криза што ја зафати не само Европа, туку и светот, претставува најголема закана по нивното безбедно живеење



Четврток, 24 ноември 2011 година

Програма за развој на културата во ЕУ

Европската комисија го претстави предложениот буџет од 1.8 милијарда евра за периодот 2014-2020 година, наменет за развој на културната и креативната индустрија во Европската унија, како дел од програмата „Креативна Европа"

Вторник, 22 ноември 2011 година

Конференција за безбеден интернет

Советот на Европа и Федералното министерство за европски и меѓународни прашања на Австрија, на 24 и 25 ноември во Виена, ќе одржат Конференциja на тема „Наш Интернет - наши права, наши слободи".

Претставници на земјите-членки на Советот на Европа, приватниот сектор, парламенти, граѓанското општество и интернет заедницата ќе бараат начини за подобра заштита на човековите права, демократијата и законодавството на интернетот.

Меѓу прашањата на кои ќе се бара одговор се: какви правни норми се потребни за заштита на личните податоци на интернет, кои се следните чекори во борбата со онлајн криминалот,  како да им се обезбеди безбеден интернет пристап на децата и како да им се овозможи на корисниците да ги остварат своите права.

Конференцијата се очекува да придонесе во дефинирањето на стратегијата на Советот на Европа за управувањето со интернетот за периодот 2012-2015 година, која моментално е во подготовка.


Среда, 16 ноември 2011 година

Европарламентот го одбра најдобриот филм

Францускиот филм „Снеговите на Килиманџаро“, во режија на Роберт Гедигијан,  е добитник на филмската награда „Лукс“ за 2011 година, која ја доделува Европскиот парламент. Францускиот режисер го оцени своето дело како филм за верноста, солидарноста и моралот.



Вторник, 15 ноември 2011 година

Ученици во посета на Европарламентот

Група од околу 250 ученици и нивни наставници од 27-те земји-членки на Европската унија и 13 медитерански земји, два дена беа дел од програмата „EuroMedScola“ во Европскиот парламент во Стразбур, која има за цел да го поттикне учеството на младите луѓе во политиката



Петок, 11 ноември 2011 година

Побрз интернет пристап за граѓаните на ЕУ

Европската комисија предлага инвестирање од 9,2 милијарди евра во изградбата на мрежа за подобар пристап до интернет на поголем број граѓани во наредните години.



Петок, 11 ноември 2011 година

Европска Нацрт-резолуција за спортот

Строги и казнени мерки против допингот, наместените натпревари и насилството на спортските стадиони во Европската унија, се бара во Нацрт-резолуцијата која ја донесе Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент



Четврток, 27 октомври 2011 година

Наградата „Сахаров” за „Арапска пролет“

Петмината активисти од „Арапска пролет“ се добитници на овогодинешната награда „Сахаров”, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. Лауреатите се: Мохамед Буазизи од Тунис, кој е награден постхумно, Асма Махфуз од Египет, либискиот дисидент Ахмед ал Зубеир Ахмед ал Сануси, сирискиот адвокат Разан Зајтоунех и карикатуристот Али Фарзат, исто така од Сирија



Четврток, 20 октомври 2011 година

Тројца финалисти за наградата „Сахаров“ на Европарламентот

Група од пет активисти од арапскиот свет, г. Дмитри Бандаренка и Заедницата за мир Сан Хосе де Апартадо, се трите финалисти за овогодинешната награда „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата



Петок, 14 октомври 2011 година

Европскиот парламент ќе ги награди новинарите

На 19 октомври, Европскиот парламент по четврти пат ќе ја додели наградата за новинарство, која ја добиваат новинари кои дале голем придонес разјаснувајќи важни прашања на европско ниво или придонеле за подобро разбирање на институциите на Европската унија и нивната политика



Четврток, 25 август 2011 година

Италија - топ дестинација за летување на Европејците

Најпосетена туристичка дестинација за Европејците ова лето е самата Европа, покажува извештајот на Европската комисија. Италија е топ дестинација за летото 2011 година за 11,5 проценти од европското население



Петок, 29 јули 2011 година

Три филмови во конкуренција за наградата „Лукс“

„Голотија“ од Атина Рејчел Цангари (Грција), „Снеговите на Килиманџаро“ од Роберт Гедигијан (Франција) и „Игра“ од Рубен Остлунд (Шведска, Франција, Данска), се трите филмови кои ќе се борат за наградата „Лукс“ за 2011 награда, која ја доделува Европскиот парламент



Четврток, 14 јули 2011 година

Колку странци живеат во ЕУ?

Од вкупното население во земјите од Европската унија, 32,5 милиони жители, односно 6,5%, се странци, покажуваат податоците на европското статистичко биро „Еуростат“ за 2010 година. 12,3 милиони од нив се државјани на друга држава од ЕУ, а 20,2 милиони имаат државјанство од некоја земја надвор од Унијата.  



Понеделник, 4 јули 2011 година

Номинирани десет филмови за наградата на Европарламентот

Европскиот парламент на 46. Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, ги претстави десетте филмови, кои ќе се борат за овогодишната награда „Лукс“



Петок, 1 јули 2011 година

ЕУ ги намали роаминг цените

Повикувачките и дојдовните разговори на мобилните телефони во странство, од денеска стануваат поевтини во рамките на Европската унија. Сепак, тие и понатаму остануваат поскапи во однос на домашните повици



Среда, 29 јуни 2011 година

За итна помош во странство - телефонски број 112

Во овој период на летни одмори, треба да се знае дека во случај на потреба од итна помош во било која од 27-те земји-членки на Европската унија, треба да се повика телефонскиот број 112



Среда, 1 јуни 2011 година

„Европа и јас“ – најдобар европски проект за млади

Британското младинско списание „Европа и јас“ е добитник на главната европска награда за млади за 2011 година. Наградата се доделува секоја година за проекти коишто поттикнуваат заедничко чувство на европски идентитет и интеграција помеѓу младите луѓе

Click