ЕУ вести



Вторник, 26 април 2011 година

Дваесет и пет години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе одржи специјална седница посветена на 25-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, на која ќе се расправа за јакнењето на меѓународната соработка во истражувањето и минимизирање на последиците од катастрофата.

Денеска, во 1 часот и 23 минути по локално време, се навршува четвртина век од нуклеарната катастрофа во Чернобил од 1986 година, кога четвртиот реактор на нуклеарната централа експлодира при проверка на безбедноста и испушти во атмосферата радијација еднаква на најмалку 200 атомски бомби.

Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови од најзагрозените области, радијацијата зафати голем дел од Европа, а не постојат сигурни податоци за бројот на жртвите.

Тоа беше инцидент, којшто влијаеше не само на Украина, Белорусија и Русија, туку и на целиот свет, да се промени односот кон нуклеарната енергија на глобално ниво.

По Чернобил се разгледувани сите меѓународни стандарди за радијација, стратегии за подобрување на нуклеарниот процес на проектирање, сигурносни стандарди и процедури и процесот на управување со нуклеарниот отпад.

Во седиштето на ООН, вечерва ќе биде отворена и изложба на фотографии посветени на хаваријата во Чернобил.  

 

Click