ЕУ вести



Четврток, 7 април 2011 година

Европратениците кажаа „да“ по Резолуцијата за напредокот на Македонија

Со 506 гласови „за“ и по 44 „против“ и „воздржани“, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот кон членство во Европската унија.

Во Резолуцијата уште еднаш се препорачува итно започнување на преговори за членство во ЕУ, со жалење што Советот на ЕУ не ги следел досегашните препораки на Европарламентот и на Европската комисија.

Главна пречка за старт на преговорите и натаму останува спорот за името со Грција. Во тој контекст, европратениците препорачуваат двете земји што поскоро да најдат заемно прифатливо решение.

 Исто така, се порачува нашата земја да продолжи со реформскиот процес во правосудството, слободата на медиумите, политичкиот дијалог, јавната администрација, борбата против корупцијата и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Во врска со предвремените избори, членовите на Парламентот апелираат сите политички партии да имаат активна и конструктивна улога.

Документот, којшто на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика на Европарламентот, вчера за време на расправата за напредокот на Република Македонија кон ЕУ, го бранеше времениот известувач за нашата земја, бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин.

 

Click