ЕУ вести



Вторник, 26 април 2011 година

Конференција за иднината на Европскиот суд за човекови права

Турското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, денеска и утре, во Измир, е домаќин на Конференција на високо ниво за иднината на Европскиот суд за човекови права.

На Конференцијата учествуваат: г. Ахмет Давутоглу, министер на надворешни работи на Турција и претседател на Комитетот на министрите на Советот на Европа; г. Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа; г. Мевлут Чавушоглу, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа; г. Жан-Пол Коста, претседател на Европскиот суд за човекови права,  г. Томас Хамарберг, комесар на Советот на Европа за човекови права, како и   министри за правда и други високи претставници од 47-те држави-членки на Советот на Европа.

На отворањето на Конференцијата, г. Мевлут Чавушоглу истакна дека националните парламенти треба ригорозно и систематично да извршат проверка на компатибилноста на предлозите и постоечките закони со стандардите на Европската конвенција за човекови права. Исто така, тие би требале да вршат притисок врз владите за брзо спроведување на судските одлуки во однос на законските прекршувања.

„И покрај вложените напори од страна на Собранието, начинот на функционирање на многу национални законодавни тела не е задоволително“, изјави г. Чавушоглу. 

Што се однесува на улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во изборот на судиите во Судот, г. Чавушоглу посочи дека Собранието прави сè во своите можности да гарантира дека судиите се од највисок ранг, притоа поздравувајќи ја иницијативата на претседателот на Судот за создавање на консултативен совет од експерти кој ќе ги советува владите пред доставување на листите до Народното собрание.

Претседателот Чавушоглу изрази загриженост околу можноста Европската унија да гласа како „блок“ во Комитетот на министрите. Тој потенцира дека во однос на човековите права, државите треба да дејствуваат во согласност со основните вредности и принципи, а не во зависност од нивната „блок“ припадност и солидарност.

Click