ЕУ вести



Вторник, 17 мај 2011 година

Меѓународен ден против хомофобија и трансфобија

На 17 мај 1990 година Светската здравствена организација, на Главното собрание, објави дека „хомосексуалноста не е болест, пореметување или перверзија“. Денеска, ширум светот се одбележува Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија.

„Со европските договори и Повелбата за основните права, Европската унија се залага за искоренување на хомофобијата“, изјави претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек.

Првиот европарламентарец додаде дека Европарламентот има одобрено низа резолуции со кои се осудува дискриминацијата и тежнее кон тоа идните европски генерации да ја почитуваат и да се навикнат на културата на отвореност, недискриминација и толерантност, и на тој начин во иднина нема да има потреба од одбележување на ден против хомофобијата.

Начелото на рамноправност и недискриминација е основен елемент во заштитата на човековите права. Тоа е гарантирано со Европската конвенција за човекови права (член 14) и е зацврстено со Протоколот бр.12 од Конвенцијата, со кој се пропишува дека никој не може да биде дискриминиран по каква било основа од страна на кој било државен авторитет.

Зборот хомофобија за прв пат е употребен од страна на психологот Џорџ Веинберг во 1969 година, објаснет како страв кај хетеросексуалците да бидат во блиски кругови со хомосексуалците, како и противење на хомосексуалците кон самите себеси. 

И денеска, хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците имаат тешка борба да ги остварат своите права во општеството и сè уште се соочуваат со парични и затворски, па дури и смртни казни во некои земји. Бракот помеѓу луѓе од ист пол сè уште не се признава во повеќето од земјите од ЕУ.


 

Click