ЕУ вести



Вторник, 10 мај 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 9 до 12 мај, Европскиот парламент одржува пленарна седница во Стразбур. Како дел од неа, денеска, заедно со претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, европратениците ќе расправаат за миграцијата и азилот, за плановите за создавање на механизам кој им овозможува на државите-членки на Европската унија повторно да воведат гранична контрола во Шенген-зоната

Седницата беше отворена вчера на Денот на Европа, од страна на претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, кој говореше и за новиот статус на ЕУ во Обединетите нации, потоа за претстојниот Меѓународен ден за борба против хомофобија на 17 мај, како и за осудата на Европарламентот за нападите врз Газа.

Шест месеци откако започна со работа Сервисот за надворешно дејствување на ЕУ, членовите на Европарламентот ќе ја одржат првата дебата со шефот за надворешна политика на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон, на тема надворешна политика, безбедност и одбрана.

Исто така, утре ќе се разговара и за одобрените средства од ЕУ како последица на економската криза во некои земји. 

Други точки од дневниот ред на пленарната седница се: универзален висококвалитетен пристап до Интернет; инвестиции во образованието и културата; нуклеарната катастрофа во Чернобил по повод 25-годишнината од неа и нуклеарната безбедност денес; блокирање на отровниот отпад; високите цени во рибната индустрија поради нафтата; одржливост и подобро искористување на европските инвестициони фондови; трговијата со Индија и Јапонија и др.

Click