ЕУ вести


Понеделник, 11 април 2011 година

Пролетна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа, од 11 дo 15 април, ќе одржи пролетна седница во Стразбур, на која во фокусот ќе биде утрешната раправа за религиозните размери на меѓукултурниот дијалог.

Дневниот ред вклучува и дебати за:

  • исполнувањето на обврските и ангажманите од страна на Грузија;
  • намалувањето на старосната граница за гласање до 16 години;
  • жените во селските региони во Европа;
  • презадолженоста на државите;
  • образованието против насилството во училиштата;
  • смртната казна во земјите-членки на Советот на Европа.

Министерот за надворешни работи на Турција, г. Ахмет Давутоглу, ќе ја претстави комуникацијата од Комитетот на министрите, а комесарот за човекови права на „47“, г. Томас Хамарберг, ќе го претстави својот годишен извештај за активностите во 2010 година.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.