ЕУ вести


Вторник, 19 април 2011 година

Тристепен пристап во борбата со тероризмот

Советот на Европа е домаќин на посебниот состанок на Комитетот за борба против тероризмот, кој од 19 до 21 април во Стразбур ќе собере повеќе меѓународни, регионални и субрегионални организации.

„Заканата од тероризам и понатаму е голема. Советот на Европа разработи единствен тристепен пристап во борбата со тероризмот: засилување на меѓународната правна рамка, справување со причините на тероризмот и заштита на основните вредности. Нашиот ангажман кон почитувањето на законите и човековите права е од клучно значење во овој пристап“, изјави генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд.

Десет години по терористичките напади на 11 септември, средбата ќе се фокусира на политиките за превенција, сеопфатни и интегрирани стратегии, како и на улогата на законодавните системи и казнено-правосудните органи во спречувањето на тероризмот.

Дискусијата на тридневната средба е со цел забрзување на меѓународните напори во борбата со тероризмот и ќе се сосредочи на националните рамки и меѓуресорната координација, комуникација и меѓународна соработка. 

 

 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.