ЕУ вести



Четврток, 12 мај 2011 година

Украина го презеде претседателството со Комитетот на министри

Заштитата на правата на децата, зајакнувањето на демократијата, почитувањето на законодавството и заштитата на човековите права, се главните приоритети на кои ќе се фокусира Украина, која во наредните шест месеци ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.

На крајот од вчерашната 121. седница на министрите за надворешни работи на 47-те земји-членки на Советот на Европа, во Истанбул, Турција ѝ го предаде претседателството на Украина, која ќе се задржи на оваа функција до ноември годинава.

Украинскиот министер за надворешни работи, г. Константин Гришченко, при претставувањето на приоритетите на неговата земја, истакна дека улогата на претседавач ја смета како можност да се придонесе кон развојот на современите европски процеси и остварување на целите на Советот на Европа.

Претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа по Украина, ќе биде Велика Британија, од ноември 2011 до мај 2012 година.

 

Click