Соопштенија

Понеделник, 26 септември 2011 година

Делегација на Комисијата за европски прашања во студиска посета на Братислава

Делегација на Комисијата за европски прашања, на Собранието на Република Македонија,  предводена од претседателот на комисијата г. Хајрула Мисини,  во состав: г-ѓа Силвана Бонева, г-ца Маринела Тушева и г. Орхан Ибраими  од 26 до 28  септември 2011 година ќе  оствари студиска посета на Братислава.

Во рамките на посетата делегацијата ќе има повеќе средби со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Словачка, потоа на Европската комисија во Словачка и други лица вклучени во ЕУ процесот на Словачка, а предвидена е и средба со членовите на Комисијата за европски прашања на Националниот совет на Република Словачка.

Целта на оваа студиска посета е да се разменат мислења за евроинтегративните процеси на двете земји, како и  наше  поблиску запознавање со   словачките искуства во текот на придружувањето на Република Словачка во Европската унија.

Click