Соопштенија



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври

Вторник, 11 октомври, 9,00 часот –  гробишта Бутел

Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот г. Јани Макрадули, во чиј состав се и пратениците: г. Веле Ѓорѓиевски, г. Андреј Петров и г. Горан Мисовски, ќе положи свежо цвеќе на „Партизанските гробишта“, на гробот на генерал Михајло Апостолски и на гробот на трагично погинатиот претседател на Република Македонија, г. Борис Трајковски.


Вторник, 11 октомври, 9,00 часот – плоштад „Македонија“

Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот г-ѓа Светлана Јакимовска, во чиј состав се и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Ленче Николовска и г. Гордан Георгиев, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто.


Вторник, 11 октомври, 10,00 часот – Прилеп

Пратениците: г. Димитар Стевананџија, г. Горан Сугарески и г. Николче Ацевски, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои.


Вторник, 11 октомври, 11,00 часот – Куманово

Пратениците: г. Јордан Пачков, г. Благоја Стојановски и г-ѓа Соња Мираковска, ќе положат свежо цвеќе кај Спомен Костурницата.

Click