Вторник, 28 февруари 2012 година, Викторија, АвстралијаСредба на претседателот, г. Трајко Вељаноски со поддржувачите на иницијативата за формирање на Група за соработка меѓу Парламентот на Викторија и Собранието на Република Македонија Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски се сретна со пратениците-поддржувачи на иницијативата за формирање на Група за соработка на Парламентот на Викторија и Собранието на Република Македонија, г. Ендру Елсбери, иницијатор за формирање на Групата за соработка, г-ѓа Натали Хачинсон и г. Колин Хартланд, поддржувачи на оваа иницијатива.
На средбата соговорниците се согласија дека постојат одлични пријателски односи меѓу државата Викторија и Република Македонија, кои имаат позитина тенденција на движење. Меѓупарламентарните односи меѓу државата Викторија и Република Македонија се на задоволително ниво, но сепак постојат повеќе механизми за јакнење на меѓупарламентарната соработка и зацрврстување на соработката меѓу парламентите на сите нивоа. Во оваа насока е и иницијативата за формирањето на Групата за соработка меѓу државата Викторија и Република Македонија.
Господин Ендру Елсбери истакна дека ќе продолжи со консултациите со претседавачите на Парламентот на Викторија и ќе побара совет и мислење од парламентот на Западна Австралија во кој веќе има формирано Група за соработка со Македонија. „Потребно е да се формира група за соработка со Собранието на Република Македонија, и истото треба да се случи што е можно поскоро“, истакна г. Елсбери.