ЕУ вести



Понеделник, 10 декември 2012 година

Меѓународен ден на човекови права

Денеска, 10 декември, се одбележува Меѓународниот ден на човекови права, ден што ги означува заложбите за укинување на сите видови угнетувања на луѓето.

На овој ден во 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја има усвоено Универзалната декларација за човекови права, а две години подоцна ги повика сите земји и светски организации за утврдување на 10 декември како Меѓународен ден на човекови права.

Со Декларацијата, за првпат во историјата на човештвото, е признато правото на сите луѓе на „живот, слобода, безбедност... без никакви разлики“.

Наградата на полето за човековите права и Нобеловата награда за мир се дополнување на теориските предлози за истакнување на човековите права.

Меѓународниот ден на човекови права претставува можност за потсетување дека заштитата на човековите права е нешто што никогаш не е остварено во целост и дека мора да се продолжи со борбата против повреда на основните права секаде низ светот.

На 10 декември, секоја година, ширум светот, се организираат разни политички конференции и состаноци, како и бројни културни настани кои се фокусираат на човековите права.

Под мотото „Мојот глас одлучува - инклузија и право за учество во јавниот живот“, денеска, во Македонија, со низа настани, ќе се одбележи Меѓународниот ден на човековите права, кој, исто така, ќе биде пропратен и со започнување на кампањата „Денес и секогаш достојна работа на жените“, организирана од повеќе синдикати.

Click