Пленарна седница на Европарламентот 2.7.12...



Понеделник, 2 јули 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа работна седмица одржува пленарна седница во Стразбур, на која вообичаено ќе стане збор за економската криза на Стариот континент, а ќе се дебатира и за повторното воведување гранична контрола во рамките на шенген-зоната

Прочитај повеќе

Кипар – нов претседавач со ЕУ 2.7.12...



Понеделник, 2 јули 2012 година

Кипар – нов претседавач со ЕУ

Од 1 јули, Република Кипар, преземајќи ја улогата на Кралството Данска, го започна своето шестмесечно претседавање со Европската унија, за кое време ќе се фокусира на оставање подобра Европа на младите генерации

Прочитај повеќе

Каде во Европа е најдобро за капење? 6.7.12...



Петок, 6 јули 2012 година

Каде во Европа е најдобро за капење?

Хрватска, Грција, Кипар и Малта се топ земјите за капење во Европа – покажа годинешниот извештај на Европската агенција за животна средина, базиран на испитувањата спроведени на повеќе од 22.000 зони за капење на Стариот континент

Прочитај повеќе

Црна Гора в петок започнува преговори за членство во ЕУ 27....

Среда, 27 јуни 2012 година

Црна Гора в петок започнува преговори за членство во ЕУ

Советот на министри на Европската унија одобри почеток на преговори за членство на Црна Гора во ЕУ, за време на вчерашниот состанок во Луксембург. Оваа одлука в петок треба да ја потврди Европскиот совет на Самитот на шефови на држави и влади на ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел.

„Советот ја усвои оценката на Комисијата дека Црна Гора постигнала неопходен степен на усогласеност со критериумите за членство“ - се вели во дел од заклучоците на Министерскиот совет на ЕУ.

Министрите ја овластија европската полициска служба - Европол да направи извештај за организираниот криминал во Црна Гора, кој ќе биде вметнат во материјалите на Комисијата за време на процесот на мониторинг.

Инаку, Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во Унијата во декември 2010 година, а Европскиот совет една година подоцна донесе одлука оваа балканска земја да ги започне пристапните преговори за членство во јуни 2012 година, доколку ги исполни поставените услови.

 
Прочитај повеќе

Министерски состанок на ЕУ 26.6.12...



Вторник, 26 јуни 2012 година

Министерски состанок на ЕУ

Шефовите на дипломатиите на Европската унија, денеска, во Луксембург, ќе одржат состанок, на кој, меѓу другото, ќе се разговара за пристапниот процес за членство на Црна Гора во европското семејство, како и за евроинтеграцијата на Босна и Херцеговина

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот11.6.12...

Понеделник, 11 јуни 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 11 до 14 јуни ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која ќе се разговара за економското управување, затегнување на фискалната дисциплина и поттикнување раст. Исто така, ќе стане збор за можни реформи на ЕУ буџетот 2014-2020 година.

Отворањето нови работни места мора да биде приоритет за Европа, се вели во резолуцијата која ќе се гласа в четврток. Истиот ден членовите на Европскиот парламент ќе гласаат и за резолуцијата за отворање на единствен пазар на ЕУ.

Европратениците ќе дебатираат и за актуелните состојби во Авганистан, Блискиот Исток, Тибет и Африка. Парламентот ќе ги повика земјите-членки на Обединетите нации да дадат извештај за сите договори поврзани со трговијата со оружје.

В среда на Европарламентот ќе му се обрати перуанскиот претседател, г. Олианта Хумала, откако претходно ќе се гласа по резолуцијата за трговски договор на ЕУ со Колумбија и Перу.
Прочитај повеќе

Заврши НАТО самитот во Чикаго 22.5.12...



Вторник, 22 мај 2012 година

Заврши НАТО самитот во Чикаго

На 25. самит на НАТО во Чикаго, проширувањето на Алијансата не беше на дневен ред, а во заклучоците се повтори дека Република Македонија ќе добие покана за членство откако ќе се најде заемно прифатливо решение со Грција за спорот со името, што воедно би придонело кон безбедноста и стабилноста на регионот

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 21.5.12...



Понеделник, 21 мај 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 21 до 24 мај, Европскиот парламент во Стразбур ќе одржи пленарна седница, во пресрет на самитот на ЕУ лидерите в среда

Прочитај повеќе

Албанија – нов претседавач со Комитетот на министри 23.6.12...



Среда, 23 мај 2012 година

Албанија – нов претседавач со Комитетот на министри

За прв пат, Република Албанија стана претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, под мотото „Обединети во различностите“

Прочитај повеќе

НАТО самит 21,5,12...



Понеделник, 21 мај 2012 година

НАТО самит

Во Чикаго се одржува 25. самит на НАТО, во чиј фокус е Авганистан, новата „паметна одбрана“ и противракетниот штит во Европа. Проширувањето на Алијансата не е на дневен ред

Прочитај повеќе

Меѓународен ден против хомофобија 17.5.12...



Четврток, 17 мај 2012 година

Меѓународен ден против хомофобија

Денеска, на 17 мај, се одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата, годинава на тема: „Борба против хомофобијата и трансфобијата во и преку образованието“

Прочитај повеќе

Ден на Европа 9.5.12...



Среда, 9 мај 2012 година

Ден на Европа

Денешниот ден, 9 мај, е Ден на Европа, ден на кој се одбележува 62-годишнината од Декларацијата на Роберт Шуман, што всушност претставува темел на она што е денеска Европската унија. Овој ден претставува можност за потсетување на постигнувањата на ЕУ и повод да се потенцираат европските цели: мир, слобода, просперитет и заедничка работа

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 9.5.12...



Среда, 9 мај 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе одржи пленарна седница, на која воедно ќе се одбележи и 9 Мај – Денот на Европа, со обраќање на првиот европарламентарец, г. Мартин Шулц

Прочитај повеќе

Повик за укинување на смртната казна 2.5.12...



Среда, 2 мај 2012 година

Повик за укинување на смртната казна

Сите земји кои сè уште ја применуваат смртната казна, вклучувајќи ги и оние со статус набљудувач во Советот на Европа, итно да го применат Мораториумот за егзекуција, како прв чекор кон укинување на смртната казна – се повикува во декларацијата, која денеска ја усвои Комитетот на министри на Советот на Европа

Прочитај повеќе

Европарламентот ќе доделува „Европска граѓанска награда“ 2....



Среда, 2 мај 2012 година

Европарламентот ќе доделува „Европска граѓанска награда“

Европратениците избраа 61 кандидат од 19 земји-членки на Европската унија, кои ќе се борат за годишната „Европска граѓанска награда“, која ја доделува Европскиот парламент за исклучителни постигнувања на Европејците. 

Прочитај повеќе
12345      
Click