Соопштенија

Понеделник, 12 ноември 2012 година
 
Собраниска делегација учествува во работата на комисиите на ПС на СЕ
 
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ Александар Николоски и членот на делегацијата Игор Ивановски ќе учествуваат во работата на седниците на Комисијата за правни прашања и човекови права и на Комисијата за политички прашања и демократија, кои во текот на оваа недела се одржуваат во Париз, Франција.

На  седницата на Комисијата за правни прашања на дневен ред е прашањето на засилување на авторитетот и ефикасноста на Судот за човекови права и Европската конвенција за човекови права и прашањето на недискриминацијата при стекнување на државјанство.

Комисијата за политички прашања и демократија ќе расправа за ситуацијата на Косово, биеналниот извештај за активностите на Европската банка за обнова и развој, конфликтот во Западна Сахара и политичката трансформација во Тунис, барањето на парламентот на Киргистан за стекнување на статус на партнер за демократија во ПС на СЕ и други прашања.
Click