Соопштенија

Петок, 21 септември 2012 година

Прво продолжение од надзорната расправа на тема: „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 20 септември, во рамките на Седумнаесеттата седница, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб Скопје, го одржа првото продолжение на надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска присуствуваа членовите на комисијата: г. Ромео Тренов, г. Ванчо Апостолов, г. Малиша Станковиќ, г. Васко Пашовски, г. Драган Цуклев, г. Борче Ставров, г. Саве Марачков, г. Горан Сугарески и г. Реџаиљ Исмаили; заменик на претседателот на комисијата г. Панче Орцев; замениците на членовите на комисијата: г. Славе Гошев, г. Драган Настески, г-ѓа Бети Кузмановска, г. Трајчо Димков, г. Стефче Трпковски, г. Миле Андонов, г. Николче Ацевски и г. Драгиша Милетиќ.

На седницата присуствуваа: потпретседателот на Собранието на Република Македонија г. Јани Макрадули, г-ѓа Силвана Бонева координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г. Игор Ивановски координатор на пратеничката група на СДСМ, г. Горан Мисовски координатор на пратеничката група на НСДП и ЛП, г. Рејхан Дурмиши координатор на пратеничката група на ПЕИ и пратениците: г. Миле Пачемски, г-ѓа Ане Лашкоска, г. Дарко Димитриески, г. Голупчо Ангелов, г. Диме Маџовски, г-ѓа Дивна Јовковска Ефтимоска, г. Менде Диневски, г. Димитар Стевананџија, г-ѓа Нада Ципушева, г. Ердоган Сарач, г. Михаило Џолонга, г-ѓа Станка Анастасова, г. Оливер Спасовски, г-ѓа Елена Павлова, г-ѓа Светлана Мазгалоска Вучетиќ, г. Благоја Стојановски, г. Митре Велјаноски, г. Тони Трајановски, г. Стојко Пауновски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Васил Пишев, г. Марјанчо Николов, г. Самка Ибраимоски, г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Весна Бендевска, г. Сафет Бишевац, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Илија Китаноски, г-ѓа Светлана Карапетрова и г-ѓа Весна Пемова.

На седницата присуствуваа поканети претставници од Канцеларијата на НДИ во Скопје.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, која даде кратко потсетување за целта на надзорната расправа согласно законските прописи во Република Македонија.

На надзорната расправа во улога на сведоци, устни искази дадоа следниве учесници: г. Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Перица Ивановски државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Ванчо Димитриев, директор на Управата за хидрометеоролошки работи, г. Илија Србиновски, раководител на подрачна единица Битола, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Коста Дурланов раководител на подрачна единица Прилеп, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Златко Пенков овластен раководител на подрачна единица Неготино, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Соња Поповска раководител на подрачна единица Гевгелија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Трајче Димитриев, градоначалник на Општина Демир Капија, проф. д-р Драги Димитриевски декан на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје, проф. д-р  Илија Каров декан на Земјоделскиот факултет Штип, проф. д-р Владимир Џабирски професор на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје (катедра сточарство), проф. д-р  Дане Бошев професор на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје (катедра специјално поледелство и тутун), проф. д-р Звонимир Божиновиќ професор на Факултетот за земјоделски науки и храна  Скопје (катедра лозарство и винарство), проф. д-р Златко Арсов професор на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје (катедра специјално поледелство и тутун) и проф. д-р Јован Аждерски професор на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје (катедра економика и организација).

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници (сведоци) за ден 20 септември 2012 година, (прво продолжение на 17 седница на комисијата, втор ден од надзорната расправа) претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ја прекина седницата. Таа информираше дека датумот за одржување на продолжение на надзорната расправа и распоредот на искази - Агенда на претставниците (сведоците) од надзорната расправа, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја утврдува дополнително на координација.

За подетални информации околу надзорната расправа, ве молиме контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на одделение и советник на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-409; е-пошта: d.janevski@sobranie.mk и kzemjod@sobranie.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Click