Соопштенија

Среда, 14 ноември 2012 година
 
Учество на Парламентарен семинар на тема: „Заштитата на човековите права и состојбата на жените и децата" во Брисел
 
Во организација на Директоратот за надворешни политики, односно Одделението за односи со парламентите на земјите од Западен Балкан на 14 и 15 ноември 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија се одржува Парламентарен семинар на тема: „Заштитата на човековите права и состојбата на жените и децата".

Од Собранието на Република Македонија на овој настан ќе учествуваат пратениците: Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г. Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Гордан Георгиев, член на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата и слободите на граѓанинот и г-ѓа Хајрије Мисими, член на Уставната комисија.

На семинарот, кој ќе се одвива во две работни сесии, учество ќе земат еминентни европарламентарци кои работат во комисиите на Европскиот парламент за родова еднаквост, надворешна политика, економски и социјални прашања и во поткомисијата за човекови права, како и претставници од парламентите на земјите од Западен Балкан. Семинарот има за цел да поттикне поширока дебата меѓу европарламентарците и парламентарците од националните парламенти за овие прашања.

Се очекува висок степен на учество на парламентарци од поканетите национални парламенти, како и обраќања од реномирани европарламентарци, експерти и други афирмирани учесници кои имаат особен придонес во оваа област.

 
Click