Пленарна седница на Европарламентот 7,10,13...



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 7 до 10 октомври во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тутунската индустрија, со цел цигарите да станат помалку атрактивни кај младите луѓе

Прочитај повеќе

Тим на Литванското претседателство на Бриселскиот маратон 7...



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Тим на Литванското претседателство со ЕУ на Бриселскиот маратон

Вчера се одржа 10. Бриселски маратон, на кој учествуваше и тим од 135 Литванци и поддржувачи на Литванското претседателство со Советот на Европската унија

Прочитај повеќе

Меѓународен ден на ненасилството 2.10.13...



Среда, 2 октомври 2013 година

Меѓународен ден на ненасилството

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, денот на раѓањето на Махатма Ганди, пионер на филозофијата и стратегијата на ненасилството, лидер на индиското движење за независност, најпознатиот миротворец во светот.

Прочитај повеќе

Доделена првата награда „Вацлав Хавел“ за човекови права 1....



Вторник, 1 октомври 2013 година

Доделена првата награда „Вацлав Хавел“ за човекови права

Белорускиот активист Алеш Бјаљацки е првиот добитник на наградата „Вацлав Хавел“ за човекови права, која ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа. Бидејќи тој се наоѓа во затвор, наградата вредна 60.000 евра ја прими неговата сопруга Наталија Пинчук, во рамките на вчерашната специјална церемонија во „Палатата на Европа“ во Стразбур, на денот на отворањето на есенската пленарна сесија на ПССЕ

Прочитај повеќе

Меѓународен ден на мирот 20.9.13...



Петок, 20 септември 2013 година

Меѓународен ден на мирот

Утре, на 21 септември, традиционално ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот, преку низа активности и свечености низ целиот свет. Тоа е можност поединци и организации на ист ден да дадат практичен удел во подигнувањето на јавната свест за прашањата поврзани со мирот.

Прочитај повеќе

Седум номинирани за наградата „Сахаров“ 18,9,13...



Среда, 18 септември 2013 година

Седум номинирани за наградата „Сахаров“

Малала Јусафа (Пакистан); Едвард Сноуден (САД); Рејот Алеми и Ескиндер Нега (Етиопија ); Алеш Бјалатцки, Едуард Лобу и Микола Статкевич (Белорусија); Михаил Ходорковски (Русија); демонстрантите „Постојан човек" (Турција); како и Проектот за слобода на Си-Ен-Ен: „Стоп на модерното ропство“ (САД), се седумте номинирани за наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 10.9.13...



Вторник, 10 септември 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 9 до 15 септември, Европскиот парламент во Стразбур одржува пленарна седница, во рамките на која, денеска, ќе биде промовирана информативната кампања за европските избори, кои ќе се одржат следната година

Прочитај повеќе

Тројца кандидати за наградата „Вацлав Хавел“ 27.8.13...



Среда, 27 август 2013 година

Тројца кандидати за наградата „Вацлав Хавел“

Алеш Бјаљацки од Белорусија, Грузиското здружение на млади правници и Мрежата за одбрана на правата од Кина, се кандидати за наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, која ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа, во соработка со Библиотеката „Вацлав Хавел“ и Фондацијата „Повелба 77“

Прочитај повеќе

Светски ден на хуманитарноста 19.8.13...



Понеделник, 19 август 2013 година

Светски ден на хуманитарноста

Под мотото „На светот му треба повеќе...“, денеска се одбележува Светскиот ден на хуманитарноста, посветен на оние кои ги загубиле своите животи работејќи во хуманитарни цели, во слава на нивниот дух што инспирира хуманитарна работа низ целиот свет

Прочитај повеќе

Огромна разлика во телефонските услуги во ЕУ 7,8,13...



Среда, 7 август 2013 година

Огромна разлика во телефонските услуги во ЕУ

Корисниците на мобилни телефони во Европската унија се соочуваат со огромни разлики во цените за исти услуги. Најголемата разлика во цената е во домашните мобилни повици, дури 774% разлика помеѓу Литванија, која е најевтината земја и Холандија - најскапата

Прочитај повеќе

Кипар и Луксембург – најдобри европски земји за капење 5.8....



Понеделник, 5 август 2013 година

Кипар и Луксембург – најдобри европски земји за капење

Кипар и Луксембург се најдобрите, а Белгија, Холандија и Обединетото Кралство – најлошите земји за капење во Европа, покажаа годишните истражувања на Европската агенција за животна средина.

Веднаш зад водечките Кипар и Луксембург, кои се оценети како извонредни, со својот квалитет се издвојуваат Малта, Хрватска и Грција, кои пак го добија епитетот „одлични“.

Извештајот е направен врз основа на земени примероци од над 22.000 места за капење низ Стариот континент.

Резултатите говорат дека квалитетот на водата е подобрен во целост, со оглед на тоа што водата на 95% од плажите е доволно чиста за да се исполнат минимум стандардите на ЕУ.

Прочитај повеќе

Светски ден на населението 11.7.13...



Четврток, 11 јули 2013 година

Светски ден на населението

Денеска, 11 јули, се одбележува Светскиот ден на населението, годинава посветен на адолесцентната бременост и нејзините последици. Целта е да се подигне свеста за прашањето на бременост кај адолесцентите, со надеж секоја бременост да биде посакана, секое раѓање безбедно, а потенцијалот на секој млад човек да биде исполнет

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 1.7.13...



Понеделник, 1 јули 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 1 до 4 јули, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, во чиј фокус, меѓу другото, ќе биде буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година.

Прочитај повеќе

Хрватска – 28. земја-членка на ЕУ 1,7,13...



Понеделник, 1 јули 2013 година

Хрватска – 28. земја-членка на ЕУ

Денеска Хрватска официјално стана 28. земја-членка на Европската унија. Синоќа во Загреб, на свечена церемонија, со богата музичка програма и во присуство на голем број светски лидери, Хрватска го прослави влезот во европското семејство.

Прочитај повеќе

Започнува Литванското претседателство со ЕУ 1,7,13...



Понеделник, 1 јули 2013 година

Започнува Литванското претседателство со ЕУ

Литванија денеска го презеде шестмесечното претседавање со Европската унија. Под слоганот „Кредибилна, растечка и отворена Европа“, оваа балтичка земја ќе има за цел да ѝ помогне на Европа да излезе од економската криза

Прочитај повеќе
1234     
Click