Активности



Вторник, 19 ноември 2013 година

ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 43. седница, одржана денеска, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата (второ читање);
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (второ читање);
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање);
  4. Предлогот на законот за консолидација на земјоделско земјиште (прво читање).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Предлогот на законот за консолидација на земјоделско земјиште, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот

Комисијата ги проследи сите Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click