Активности

Среда, 4 декември 2013 година, Белград
 
Учество на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“
 
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Илија Китаноски, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Ромео Тренов, член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и г. Драгиша Милетиќ заменик-член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 2 декември 2013 година, учествуваше на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“ кој се одржа во Парламентот на Република Србија, во Белград.

Семинарот беше во организација на Комисијата за деловнички, имунитетни и уставни прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На семинарот свое обраќање имаа претседателот на Српскиот парламент, г. Небојша Стефановиќ, понатаму г-ѓа Наташа Вучковиќ, претседавач на Комисијата за деловнички, имунитетни и уставни прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседател на Комисијата за европска интеграција на Парламентот на Србија, г-ѓа Антје Ротмунд, раководител на Канцеларијата на Советот на Европа во Белград, г. Тилман Хоп, експерт за борба против корупција на Советот на Европа, г-ѓа Хедер Вуд, од Канцеларијата на Парламентарниот комесар за стандарди на Велика Британија, г. Јохан Вадефул, пратеник во германскиот Бундестаг и член на Комисијата за деловнички, имунитетни и уставни прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Тудор Чиуари, претседател на Комитетот за правни прашања, состаноци, дисциплина, имунитет и потврдување на Сенатот на Романија, г. Кристофер Чоп, претседател на Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа, известувач на Парламентарното собрание на тема „Дисциплина на членовите на Парламентарното собрание", член на Комитетот за правда и Комитетот за стандарди на Долниот дом на Велика Британија, г. Роберт Нил, пратеник од Долниот дом и заменик-претседател на Конзервативната партија, член на Комитетот за правни прашања и човекови права на ПССЕ, претставник на ГРЕКО од ПССЕ и Каролин Мартин, од Европската комисија за демократија преку право (Венецијанска комисија).

Во рамки на посетата на семинарот во Парламентот на Република Србија, претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, г. Илија Китаноски, заедно со пратениците Ромео Тренов и Драгиша Милетиќ, остварија средба со пратеникот во српскиот парламент и претседател на Демократската партија на Македонците, г. Миле Спировски и потпретседателот г-ѓа Лила И. Ражњатовиќ.

На средбата се разговараше за учеството и активностите на Демократската партија на Македонците во српскиот парламент, како и за соработката со Собранието на Република Македонија.
Click