Активности

Понеделник, 25 ноември 2013 година

Граѓанскиот сектор значаен во евроинтегративните процеси на земјите-аспиранти за ЕУ членство
 
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, од 21 до 23 ноември 2013 година, учествуваше на работилница на тема: „Поттикнување на граѓанското општество во земјите-кандидати и потенцијални земји-кандидати за ЕУ членство“, што во организација на Меѓународното европско движење се одржа во Будва, Црна Гора.

Во  поздравното обраќање премиерот на Република  Црна Гора, г. Мило Ѓукановиќ, го истакна значењето на граѓанскиот сектор во евроинтегративните процеси на земјите-аспиранти за ЕУ членство, при што истакна дека не постои друга алтернатива освен евроатлантската асоцијација.

На работилницата во рамките на тркалезната маса говореше и претседателот на комисијата, г. Мисини, кој се осврна на нашите досегашни искуства на патот кон ЕУ, од аспект на вклученоста на граѓанското општество во овој процес, при што информираше за неговата сe поголема вклученост во Собранието на Република Македонија.

Во таа насока појасни дека имаме позитивни искуства, особено преку учество на претставници на невладини организации и здруженија на јавните и надзорните расправи на повеќе теми, а како позитивен пример ја посочи и неодамна одржаната надзорна расправа на Комисијата за европски прашања на тема: Искористувањето на ИПА фондовите, на која беа повикани  поголем број на претставници на граѓанскиот сектор

На работилницата беа присутни и претседателите на комисиите за европски прашања во регионот и високи функционери од европските движења, кои говореа за евроинтегративните искуства во однос на проширувањето на ЕУ во време на економска криза, регионалната соработка како рамка за поттикнување на европските движења и заштитата на човековите права, како и за пристапниот процес во функција на национални реформи и на зајакнување на соработката на владите со невладините организации.

 

Click