Активности



Петок, 15 ноември 2013 година, Белград

Размената на добри искуства исклучително корисна за Собранијата на Македонија и Србија

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања г. Хајрула Мисини, а во состав: г. Малиша Станковиќ заменик-претседател на Комисијата за економски прашања и г. Гордан Георгиев член на Комисијата за европски прашања, денеска беа гости на Народното собрание на Република Србија.

Во рамките на посетата беа резализирани средби со г. Владимир Маринковиќ заменик-член  на Комисијата за финансии буџет и контрола на трошење на јавни средства од Нардоното собрание на Република Србија, г. Милорад Мијатовиќ член на Комисијата за финансии буџет и контрола на трошење на јавни средства од Нардоното собрание на Република Србија, г. Карој Шизик член на Комисија за европски интеграции, г. Рајко Обрадовиќ заменик-претседател на Комисија за фиинансии и буџет и контрола на трошење на јавни средства и г-ѓа Славица Савиќ член на Комисијата за туризам, енергетика и регионален развој.
На средбата стана збор за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу парламентите на Република Македонија и Република Србија на политички план, како и на полето на евроинтегративните процеси, економската соработка, културата, образованието и други области.

За време на средбата претседателот на Комисијата за европски прашања г. Хајрула Мисини го презентираше искуството на Република Македонија поврзано со надзорот на ИПА фондовите.

Присутните на средбата се согласија дека севкупните македонско-српски односи се на највисоко можно ниво и се карактеризираат со дух на традиционално пријателство, меѓусебно разбирање, толеранција и активна соработка и дека размената на добри искуства помеѓу двете собранија може да биде исклучително корисно во иднина.

Оваа билатерлана средба помеѓу Република Македонија и Република Србија е дел од активностите на Регионалната парламентарна мрежа на Комисиите за финансирање и буџет, економски прашања и европски интеграции финансирана од Вестминстер фондација.

Click