Активности



Понеделник, 2 декември 2013 година

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со г. Роберт Валтер

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со г. Роберт Валтер, известител на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата).

На средбата, покрај заменик-претседателот, г-ѓа Светлана Јакимовска, беа присутни и членовите и заменик-членовите на Комисијата: г. Александар Николоски, г-ѓа Сузана Салиу, г. Александар Спасеновски, г-ѓа Весна Бендевска, г. Рејхан Дурмиши, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Ермира Мехмети, г. Ердоган Сарач, г-ѓа Христина Рунчева и г-ѓа Сузана Анова.

Заменик-претседателот Јакимовска, во своето воведно излагање, изразувајќи задоволство во име на Комисијата, му посака добредојде на известителот Валтер и воедно го запозна со работата на Комисијата и прашањата кои ги разгледува како постојано работно тело во Собранието.

Госпоѓа Јакимовска упати благодарност до гостинот за искрените желби за помош на Македонија за зачленување во европското семејство.

Известителот Валтер, како подржувач на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ, се осврна на неколку прашања, како и тоа дали има одреден напредок во однос на: измените на Изборниот законик, реформите во јавната администрација, децентрализацијата, медиумите, како и настаните од минатогодишниот 24 декември кои поттикнаа размена на мислења и ставови помеѓу присутните.

Пратениците го нотираа напредокот кој е направен по овие точки, изготвени се Нацрт-верзии на Изборниот законик, администрацијата и медиумите.

Воедно, тие изразија надеж за деблокада на Работната група на Комисијата за расветлување на настаните од 24 декември и имплементирање на препораките.

Click