Активности



Вторник, 12 ноември 2013 година, Анкара, Турција
 
севкупните македонско-турски односи се на највисоко можно ниво

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, претседател на пратеничката група, г. Амди Бајрам, г. Бехиџудин Шехаби, г. Газменд Алији и г. Ердоган Сарач, членови на пратеничката група претстојува во возвратна посета на Република Турција од 11 до 15 ноември 2013 година, на покана од г. Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големо национално собрание на Република Турција.

Делегацијата оствари средби со г. Џемил Чичек, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, г. Бекир Боздаг, заменик на претседателот на Владата на Република Турција, г. Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство и членовите на групата.

На средбите стана збор за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција на политички план, како и на полето на евроатлантските интеграции, економската соработка, културата, образованието, туризмот и други области.

Соговорниците се согласија дека севкупните македонско-турски односи се на највисоко можно ниво и се карактеризираат со дух на традиционално пријателство, меѓусебно разбирање, толеранција и активна соработка.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија присуствуваше на дел од пленарната седница на Големо национално собрание на Република Турција и на координативната средба на Пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) со премиерот, г. Реџеп Тајип Ердоган.

Посетата на делегацијата продолжува во Коња и Истанбул, каде што ќе бидат остварени средби со високи претставници на локалните и регионални власти.

Click