Активности

Вторник, 3 декември 2013 година

Унгарска универзитетска делегација во посета на Македонското собрание

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Унгарија, г. Марјанчо Николов и членот г. Малиша Станковиќ, остварија средба со Делегација од Факултетот за меѓународни односи при Универзитетот „Андраши“ од Будимпешта, Република Унгарија.

Делегацијата ја предводеше деканот на Универзитетот „Андраши“, д-р Дитрих Пол, а во составот беа постдипломци, професори и служба од Универзитетот.

Универзитетот„Андраши“ е единствениот универзитет со настава на германски јазик во Централна Европа, формиран во 2002 година, со поддршка на Унгарија, Австрија, Баварија и Баден-Вуртембер.

Целта на посетата беше да им се овозможи на постдипломците да се стекнат со практични информации во врска со нивната истражувачка работа за состојбата во Република Македонија.

Тие пројавија интерес за модернизацијата на главниот град и за прашањето околу спорот за името со Република Грција.

Пратеникот Марјанчо Николов ги запозна гостите со основните карактеристики и уредувањето на Република Македонија и со работата на Собранието на Република Македонија.

Тој истакна дека Република Македонија гледа силен поддржувач и сојузник во Република Унгарија и дека меѓу двете држави нема отворени прашања.

 

 
Click