Соопштенија

Четврток, 14 ноември 2013 година

Работна посета на Делегација од Собранието на Република Македонија на Народното Собрание во Белград 

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, а во состав: г. Малиша Станковиќ заменик-претседател на Комисијата за економски прашања, г. Гордан Георгиев член на Комисијата за европски прашања и г. Наџи Џелили заменик-член на Комисијата за финансирање и буџет на 15 ноември 2013 година ќе остварат работна посета со членовите на Народното Собрание на Република Србија и членовите на мрежата од комисиите за економија, регионален развој, трговија, туризам и енергетика, финансии и буџет и контрола на трошење на јавни средства и комисијата за европски прашања во Белград, Република Србија.

Во рамки на работната посета ќе се дискутираат теми поврзани со надзорот на ИПА фондовите при што ќе се презентира искуството од Република Македонија, за продлабочување на активностите во регионалната мрежа и зајакнување на соработката помеѓу парламентарните комисии од парламентите на Србија и Македонија.

Оваа билатерална средба помеѓу Република Македонија и Република Србија е дел од активностите на Регионалната парламентарната мрежа на Комисиите за финансирање и буџет, економски прашања и европски интеграции финансирана од Вестминстер Фондацијата.
Click