Соопштенија

Вторник, 29 октомври 2013 година
 
Собраниска делегација на регионален состанок во белград
 
Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Лилјана Поповска, а во чиј состав е и Светлана Мазгалоска Вучетиќ, на 29 и 30 октомври ќе учествува на првиот регионален состанок на парламентарните тела надлежни за човекови права и рамноправност на половите што се одржува во Белград, Република Србија.

Во рамките на овој состанок претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, денеска ќе ги презентира надлежностите, активностите и добрите практики на парламентарните тела за родова рамноправност.

Целта на состанокот е да се утврдат целите и правците за понатамошна меѓународна парламентарна соработка.

 
Click