Соопштенија

Петок, 15 ноември 2013 година

Учество на пратениците Марјанчо Николов и Владанка Авировиќ на конференција во Црна Гора


Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов и претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ на 18 и 19 ноември 2013 година во Пржно, Црна Гора, ќе учествуваат на Конференција на тема „Oдносите помеѓу врховните ревизорски институции и парламентите на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ’’.

Со конференцијата ќе копретседаваат Државната ревизорска институција на Црна Гора и Европскиот суд на ревизори. Целта на конференцијата е да се разменат различните искуства во градењето на конструктивни и одржливи односи помеѓу парламентите и ревизорските институции, факторите кои влијаат на воспоставување на професионални и ефективни релации и воспоставување на ефикасен систем за подобрување на соработката.

На конференцијата ќе се дискутира и за улогите и одговорностите на парламентите, владите и врховните ревизорски институции во надзорот и контролата на трошењето на јавните средства.
Click