Соопштенија

Вторник, 12 ноември 2013 година
 
Положување венци свежо цвеќе 
 
По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, во состав: г-ѓа Сузана Салиу, г. Горан Мисовски, г-ѓа Лилјана Поповска, г. Мевмед Џемајлоски и г. Веле Ѓорѓиевски, во текот на утрешниот ден, ќе положи венци свежо цвеќе:

10.00 часот - Споменик на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел;
10.30 часот - Алејата на заслужните граѓани на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел;
11.30 часот - Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.
 
Click