ЕУ вести

Вторник, 13 септември 2016 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 12 до 15 септември одржува пленарна седница во Стразбур, на чија агенда е дебата за состојбата и иднината на Европската Унија со претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер, со фокус на миграцијата, вработувањето, тероризмот, Брегзит и справувањето со основните барања на граѓаните на ЕУ.

Европратениците ќе дадат мислење и за кандидатот за функцијата комесар за безбедност на ЕУ, Сер Џулијан Кинг од Велика Британија, како и за тројцата кандидати од Кипар, Малта и Португалија за членство во Европскиот суд на ревизори.

Исто така, за време на седницата, ќе стане збор за владеењето на правото и основните права во Полска, потоа за буџетот на ЕУ за 2017 година, ќе се одржат и дебати за Турција и Габон, а ќе се гласа за релокација на бегалците од Турција, за ЕУ Фондот за Африка, како и за трговскиот договор со шест африкански земји, кој нуди бесцарински пристап до ЕУ.  

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.