Вторник, 25 февруари 2014 година
Обраќање на претседателот Вељаноски на Комеморативна академија по повод одбележувањето на 10. годишнината од загинувањето на претседателот на Република Македонија, г. Борис Трајковски
Се навршуваат 10 години од 26 февруари 2004 година, денот кога Претседателот Борис Трајковски трагично го загуби животот. Во несреќата животот го загубија и негови блиски соработници: Димка Илковска-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Лозановска, Миле Крстевски, Борис Велинов, Аце Божиновски, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Денеска, десет години подоцна, се сеќаваме на нив, сочувствуваме со болката и загубата на нивните семејства, на нивните најблиски