Собраниско раководство

Вторник, 6 септември 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот италијански амбасадор, Н.Е. Карло Ромео 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република, Н.Е. Карло Ромео. Претседателот Вељаноски му посака добредојде на новиот амбасадор и му посака успешна работа за време на неговиот мандат.

Италијанскиот амбасадор се заблагодари за денешната средба и истакна дека му е чест што ја претставува својата земја во Македонија, надевајќи се на идна успешна соработка.

Двајцата соговорници се согласија дека Македонија и Италија споделуваат заеднички важни врски. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, важните предизвици со кои се соочува и идните аспирации. Италијанскиот амбасадор, г. Ромео, потенцираше дека неговата земја е голем поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интегративни процеси. 

Претседателот Вељаноски го информираше амбасадорот за своите две посети во Рим кои беа остварени во текот на оваа година, а беа по повод одбележувањето на празникот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. 

Двајцата соговорници разговараа и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји во поглед на мигрантската криза. На средбата, исто така, се разговараше за можна идна соработка во повеќе области.

Click