Соопштенија

Петок, 24 јануари 2014 година
 
Учество на Конференција на претседатели на комисиите за европски прашања

Во рамките на грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што ќе се одржи на 26-27 јануари 2014 година во Атина, Грција.

На конференцијата, министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Евангелос Венизелос, ќе ги презентира Програмата и приоритетите на грчкото претседателство со Унијата во следните шест месеци, по што ќе следи дускусија.

На овој состанок во Атина, ќе се расправа и за улогата на европските институции во зајакнување на контактите со европските граѓани. 

 
Click