Соопштенија

Четврток, 10 март 2016 година

Положување цвеќе

Положување на свежо цвеќе по повод 73 години од депортацијата на 7.144 македонските Евреи во логорот Треблинка.

Собраниска делегација, предводена од г. Павле Трајанов, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Државата Израел, во состав: г-ѓа Благица Ласовска и г-ѓа Соња Мираковска, на 11 март 2016 година, ќе положи цвеќе, и тоа:

  • 10.00 часот - пред Споменикот на 7.144 македонски Евреи, Тутунски комбинат - Монопол;
  • 11.30 часот - пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ, Градски гробишта Бутел.
Click