Соопштенија

Вторник, 7 јуни 2016 година

Работилница за пратениците во Собранието на Република Македонија

Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на СР Германија, од јули 2014 година започна со реализација на двегодишниот ИПА Твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”. 

Во насока на остварување на целта на проектот, Државната комисија за спречување на корупцијата организира две работилници на тема „GREKO четврт круг на евалуација – препораки во однос на членовите на Собранието”, кои што претставуваат континуитет на веќе реализираните во 2015 година.

За реализација на оваа активност е ангажиран г. Драго Кос, врвен меѓународен експерт за антикорупција.

На работилниците интерактивно, преку дискусија и изнесување на ставови и размислувања, ќе се опфатат следните теми:

  • Препораките од Четвртиот круг на евалуација на GREKO на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите";
  • Судир на интереси;
  • Етички кодекс и други етички прашања за пратениците;
  • Лобирање врз носителите на законодавната власт.

Работилниците ќе се одржат на 9 и 10 јуни 2016 година, во Собранието на Република Македонија, сала „Борис Трајковски“, со почеток во 13.00 часот. 

Click