Активности

Четврток, 6 февруари 2013 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и четвртата седница, одржана на 4 февруари 2014 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести членовите на Комисијата дека е поднесен еден амандман од пратениците: г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Радмила Шекеринска, г. Самка Ибраимоски, г-ѓа Весна Бендевска и г. Менде Диневски.

Комисијата го претресе амандманот поднесен од овластените предлагачи. Во претресот учествуваше заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

Комисијата со мнозинство гласови не го усвои поднесениот амандман.
 
Комисијата за економски прашања го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click