Активности

Вторник, 14 јануари 2014 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 46. седница, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлог-законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата (второ читање);
  • Предлог-законот за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните (второ читање);
  • Информацијата за процесот на откуп на тутун за реколта 2013 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, Комисијата водеше претрес по трите поднесени амандмани од овластените предлагачи кои беа усвоени и вградени во Дополнетиот предлог на закон.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи по Предлогот на законот за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните.

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе еден амандман кој едногласно беше усвоен и вграден во Дополнетиот предлог на закон за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните.

По расправата, Комисијата, го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Комисијата, исто така, ја разгледа и Информацијата за процесот на откуп на тутун за реколта 2013 година, дадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ја заврши со прост премин.

Click