Активности

Четврток, 16 јануари 2014 година

Седумдесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 75. седница, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење (прво читање).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт и врски.

Во образложението по Предлогот на законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, со 6 гласа „за“ и 5 „против“ оцени дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click