Активности

Четврток, 16 јануари 2014 година

Седумдесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија,  на вчерашната 76. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување на Законот за поштенските услуги;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта;
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт и врски.

Во образложението по Предлог-законите, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа и оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.

Click