Активности

Среда, 29 јануари 2014 година

Седумдесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 78. седница, одржана на 27, 28 и 29 јануари 2014 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини (прво читање);
  2. Предлог - закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);
  3. Предлог - национална програма за железничка инфраструктура 2014 – 2016;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање);
  5. Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (прва фаза);
  6. Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Стево Темелковски, заменик на министерот за животна средина и просторно планирање, г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Гордана Клинчарова, претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации и г. Роберт Ордановски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

Претставниците на Владата, ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, беа поднесени вкупно 13 амандмани од овластените предлагачи, од кои осум беа усвоен и вградени во Дополнет предлог на законот, додека пет амандмани не беа усвоени.

На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click