Активности

Вторник, 4 февруари 2014 година

Седумдесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 79. седница, одржана на 31 јануари 2014 година, како матично работно тело ги разгледа:

1. Предлог-законот за планински патеки - I читање;

2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта - II читање;

3. Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги - II читање;

4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - II читање;

5. Предлог-законот за електронските комуникации - I читање; 

6. Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2014 година;

7. Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2014 година;

8. Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2014 година;

9. Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на Првиот телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2014 година;

10. Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на Вториот телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2014 година;

11. Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности за Собранискиот канал за 2014 година;

12. Информацијата за проектот Луково Поле.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Џелал Бајрами, заменик-министер за транспорт и врски и г. Иво Ивановски, министер за информатичко општетво и администрација.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаил Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени  амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги и по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење. Комисијата ги проследи овие Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, се водеше претрес по поднесените амандмани од овластени предлагачи. Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта се вградени два амандмани усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија

Во дискусијата по Предлогот на законот за електронски комуникации, учествуваа пратениците:  Дешира Имери и Јани Макрадули. На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлогот на Законот за електронски комуникации (прво читање); од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Образложение на Предлог-одлуките даде г. Агим Лека, заменик-претседател на Советот на ЈРП МРТ. Комисијата со по пет гласа „за“ и еден „воздржан“ му предложи на Собранието на Република Македонија да ги донесе сите Предлог-одлуки. 

Click