Активности

Вторник, 11 февруари 2014 година, Берлин
 
Делегација на Собранието во посета на Берлин
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во чиј состав се пратениците: г. Антонио Милошоски, г. Александар Спасеновски, г-ца Христина Рунчева, г-ѓа Сузана Салиу и г-ѓа Ермира Мехмети деновиве е во посета на Берлин, СР Германија.

Делегацијата во текот на вчерашниот ден оствари средби со пратениците г. Петер Вајс, претседател на Парламентарната група за Југоисточна Европа на германскиот Бундестаг, како и со г. Торстен Фрај, член на парламентарната Комисија за надворешни работи и прашања поврзани со Европската унија.

На средбите, меѓу другото, се разговараше за можностите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија при што беше потенцирана нашата посветеност во овој процес преку остварените реформски активности. Се дискутираше и за грчко-македонскиот спор за името, претстојните избори во Република Македонија и можностите за понатамошно унапредување на македонско-германските односи.

На средбите уште еднаш беше искажана поддршката која што СР Германија ѝ ја дава на Република Македонија за поскоро зачленување на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Во текот на денешниот ден планирано е делегацијата да оствари средби со портпаролот на Сојузната влада, г. Штефен Зајберт, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Јоан Вадепул.
Click