Активности

Петок, 14 февруари 2014 година

Ново издание на „Мојот пратеник“ 

Традиционално, по тринаесетти пат, Собранието на Република Македонија ja издаде публикацијата „Мојот пратеник“ за периодот јули - декември 2013 година. Публикацијата претставува статистички преглед на збирни податоци за работата на пратениците во македонскиот законодавен дом, според одредени параметри

Во изданието има податоци за структурата и составот на Собранието, за бројот на донесените закони, присуството и отсуството на сите 123 пратеници, бројот на нивните излагања, поднесени предлог-закони и амандмани, бројот на пратенички прашања, реплики и контра-реплики, како и бројот на регистрирани гласања.

„Мојот пратеник“, покрај информативниот карактер, ја покажува и транспарентноста на Собранието на Република Македонија што е услов за вистинска и ефикасна парламентарна демократија.
Click