Активности

Понеделник, 3 октомври 2016 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите 

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, на 27 септември 2016 година, одржа седница со дневен ред: Размена на искуства помеѓу жени политичари од  Република Македонија и Северна Ирска.

Седницата со свое обраќање ја отвори заменик претседателката на Комисијата, г-ѓа Лилјана Кузмановска. 

На темата свои излагања имаа: претставниците на твининг проектот: „Поддршка за имплементација на родова еднаквост", Патриша Кери, постојан советник на проект и  Илејн О Нил, раководител на програм, Политикс Плус од Парламентот на Северна Ирска.

Во дискусијата се вклучија членот на Комисијата, Лилјана Поповска и  пратеничката Лидија Димова, како и  Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика.

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

  1. Да се продолжи со подготовка на Твининг проекти, во кои ќе биде застапена и посебна компонента за жените во политиката;
  2. Да се прошири размената на искуства и со други земји членки на Европската Унија и
  3. Да се продолжи со спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2013 - 2020 особено во стратешката цел жени во политиката.                       
Click