Активности

Вторник, 27 септември 2016 година

Педесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 55. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за водостопанство.

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Костадиновски, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседателот на Комисијата, г. Панче Орцев ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г-ѓа Мира Стојчевска, г. Љупчо Димовски и г. Сашо Поцков. Пратениците во своите дискусии го истакнаа ставот за донесување на овој Предлог на закон.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Click