Активности

Среда, 22 јануари 2014 година

Работна средба за реализација на Регионалниот проект на Советот на Европа во областа на медиумите

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаил Исмаили, оствари средба со г-ѓа Лејла Дервишагиќ, претставник од Советот на Европа од областа на медиумите.

На средбата присуствуваше и г-ѓа Маја Стојановиќ од Канцеларијата на Советот на Европа во Белград, како менаџер на Проектот „Јакнење на слободното истражување и информирање кај независните медиуми од Југоисточна Европа“.

Целта на Проектот е да ја унапреди законодавната и институционалната рамка која гарантира слободно изразување, подобрување на квалитетот на новинарството и воспоставување плуралистички начин на информирање од медиумите во рамки на стандардите на Советот на Европа.

Click