Активности

Четврток, 15 септември 2016 година

Седумдесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 74. седница, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година;
  2. Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно возухопловство за 2016 година.

На седницата на Комисијата, присуствуваше директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, г. Горан Јандреоски, кој ги образложи точките.

Во врска со Извештајот, Комисијата без дискусија, со 7 гласа „за“, му предложи на Собранието на Република Македонија да го усвои следниот заклучок:

  1. Собранието го усвои Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година;
  2. Овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Владата на Република Македонија.

Што се однесува на  втората точка, Комисијата со 7 гласа „за“ му предложи на Собранието на Република Македонија да ја донесе Одлуката за давање согласност на Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година.

Click